Алими: Одиме во Торшван по три бода, со брз гол ќе ни биде полесно

Македонската фудбалска репрезентација од вчера ги започна подготовките за стартот во Лигата на Нации и двата натпревари против Фарски Острови и Ерменија.

Новото издание во Лигата на Нации го отвораме во Торшван против Фарски Острови, а репрезентативецот Исник Алими истакна дека не смееме да го потцениме противникот кој според него ќе биде фокусиран на одбраната.

 „Сега повеќе не се пријателски натпревари, ова е Лига на Нации и мораме да победиме. Знаеме што треба да правиме на теренот, ќе биде тешко, нема лесни противници. Наша цел се трите бода и тоа е се што не интересира. Имаме добри фудбалери кои играат во силни лиги, одиме таму да ја играме нашата игра и да победиме. Не е исто како кога играте против големи репрезентации, играат затворено и колку побрзо постигнеме гол, толку полесно ќе биде за нас“, изјави Алими.