Звезда со пресврт до трите бода во 176. вечно дерби (ВИДЕО)

Актуелниот шампион на Србија, Црвена Звезда го победи Партизан во третото лигашко дерби оваа сезона, вкупно 176. во историјата.

„Црвено-белите“ славеа со 2-1 по пресврт во последните десетина минута, а мечот го одбележаа неколку контроверзи и два поништени гола на Звезда, по прегледување на ВАР снимките. Во 39. минута, Калулу го отвори резултатот по еден голем кикс на противничкиот голман Глазер. 

Само две минути подоцна Катаи постигна гол за Звезда, но тој беше поништен бидејќи беше утврдено дека претходно Максимовиќ играл со рака. Во 65. минута и Ндиаје ја затресе мрежата на Партизан, ама и тој гол не беше признат поради претходен фаул од истиот играч.

Партизан добро се бранеше и се чинеше дека е подготвен за првиот триумф на Маракана по пауза од шест години, но домаќините сепак направија пресврт во финишот. Во 84. минута играч на Партизан играше со рака во својот шеснаесетник за што беше досуден пенал за Звезда, а сигурен реализатор беше Максимовиќ. Три минути подоцна Бруно Дуарте го комплетираше пресвртот и ѝ донесе три бода на Звезда.

Ова беше еден од ретките дерби дуели на кој резултатот немаше никакво резултатско значење бидејќи Звезда сигурно е шампион, а Партизан има 14 бода од третопласираниот ОФК Београд.