Војна на ѕвездите: Пикси му одговори на Видиќ, но тоа е само почеток!

Немања Видиќ ја вознемири српската фудбалска јавност откако изјави дека селекторот Драган Стојковиќ Пикси и неговиот стручен штаб за две години заработиле вкупно 16 милиони евра.

Изјавата на Видиќ во интервјуто за магазинот Нин го фати Пикси во Хамбург, но и од таму му одговори на легендарниот српски фудбалер.

„Сигурно ќе имам да кажам многу повеќе на оваа тема кога ќе се вратам од Германија. Ќе кажам што имам за изнесувањето неточни информации, обидите да ме дискредитира и во јавноста да се создаде лажна слика за мене.

Какви, бре, цифри спомнува? Остави ги, мајсторе, Кина и Јапонија. Следниве денови ќе има доволно време за разговори на таа тема“, изјави Стојковиќ.

Под негово водство, Србија избори пласман на европско првенство, првпат по 24 години, а во српските медиуми има информација дека за тоа добил понуда од 1,1 милион евра.