Велковски и Аврамовски останаа и без трофеј и без Европа со Сараево

Македонските печалбари во Сараево, екс-репрезентативецот Крсте Велкоски и повремениот репрезентативец Даниел Аврамовски останаа без пехар и без Европа со „бордо тимот“, откако сараевчани денеска на пенали загубија со 3-4 (0-0) од мостарски Вележ во финалето на Купот на БиХ во Зеница.

Аврамовски не беше во конкуренција поради повреда која ја здоби пред повеќе од две недели, а Велковски остана само резерва на клупата, па пресуди пенал-рулетот на крајот во кој сараевчани промашија двапати од белата точка, а Вележ еднаш. Клучна беше утката на Оремуш во четвртата серија.

Аврамовски и Велковски дадоа по еден гол во полуфиналните пресметки со Игман, додека сѐ уште тренер беше Александар Васоски, кој пред десет дена си замина од клубот по само пет месеци на кормилото, но очигледно дека шок-терапијата не успеа со неговата смена.

Сараево сега остана без Европа зашто од претходно ја загуби трката за местата преку првенството, што е тотално фијаско за некогашниот југословенски и босански шампион.