Ужас во Хрватска: На улица застрелан поранешен фудбалер на Хајдук!

Поранешниот фудбалер и актуелен раководител за спорт во Вуковарско-сремската жупанија, Марио Мештровиќ (54 години), синоќа бил застрелан во Винковци, соопштија утринава хрватските медиуми.

Инцидентот се случил кога непознат напаѓач со маска испукал повеќе куршуми кон Мештровиќ додека тој излегувал од спортската сала. Локален портал информира дека поранешниот фудбалер на Хајдук и Риека бил жртва на кукавички напад, при што бил погоден во нозете. Жупанискиот раководител за спорт бил свесен за целата ситуација и дал детален опис на напаѓачот на полицијата, кој потоа побегнал од местото на настанот со велосипед. Пукањето предизвикало вознемиреност кај жителите на Винковци, бидејќи се слушнало и во поширокиот центар на градот.

Во тек е истрага за утврдување на сите факти за настанот, а полицијата интензивно трага по сторителот.