Уапсени 11 лица поради нападот на Ковачевиќ - меѓу нив и бивш играч на Реал Мадрид!

Поради обид за убиство на легендата на српскиот фудбал Дарко Ковачевиќ беа уапсени 11 лица, меѓу кои се наоѓа и поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Раул Браво.

Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид организираше во претходните години криминална група која работеше со „местење“ на натпревари и перење на пари.

Поради тоа во последниот период често беше зад решетки, а по излегувањето реши да отиде чекор понатаму и да се обиде да го замолчи Ковачевиќ.

Покрај Браво биле уапсени уште 10 лица кои завршиле зад решетки и наскоро ќе бидат објавени повеќе информации за обидот за убиство на Ковачевиќ.

Ковачевиќ и Браво беа соиграчи во екипата на Олимпијакос во период од 2007 до 2009 година.