Уапсен бивш хрватски репрезентативец - учествувал во организирал криминал!?

Хрватската полиција утрово имала голема акција при што уапсила 60 лица осомничени за корупција и организирал криминал, а меѓу нив се наоѓал и поранешниот репрезентативец на Хрватска, Јосип Шимиќ.

Осомничените учествувале во организирал криминал, кој направил неколку кривични дела, а според неофицијални информации го оштетиле државниот буџет за најмалку два милиони евра.

Шимиќ во кариерата играше за репрезентацијата на Хрватска, додека на клупско ниво го носеше дресот на Динамо Загреб, Клуб Бриж, Арис и други тимови.