Тројца приведени по мечот меѓу Вардар и Ла Фиорита

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека три лица се приведени по вчерашниот натпревар на Националната арена „Тодор Проески“ меѓу Вардар и Ла Фиорита од Сан Марино.

Според соопштението на МВР, лицата се приведени поради фрлање на тврди предмети кон полициски службеници, публика и лица што учествувале во натпреварот.

„На 10.07.2025 полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Ф.Д.(19),  М.Г.(18) и А.З.(27), сите од Скопје, поради тоа што за време и по завршување на фудбалски натпревар на aрената „Тоше Проески“ во Скопје фрлале тврди предмети кон полициски службеници, лица во публиката, како и лица учесници на натпреварот. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.“, стои во соопштението на МВР.

Фото: МВР