Триумф на Ристовски и Динамо за успешен крај на сезоната

Динамо Загреб неодамна ја освои шампионската титула во хрватскиот шампионат, а денеска во последното коло од првенството славеше против Горица со 4-1 за успешен крај на сезоната.

Горица го шокира Динамо на „Максимир“ во петтата минута кога погоди за водство од 1-0, но хрватскиот првак до крајот на првото полувреме со головите на Љубичиќ и Иванушец направи целосен пресврт.

Петковиќ пропушти шанса да зголеми на 3-1 во 58. минута бидејќи промаши пенал, но затоа во продолжение во листата со стрелци се запишаа Шпикиќ и Периќ.

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски не доби шанса на овој дуел и остана на клупата.