Тричковски со два пенали му донесе триумф на АЕК и ја продолжи гол-серијата (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски постигна нови два гола и го зголеми контото на погодоци сезонава на 22, од кои 17 во првенството на Кипар во 14 меча откако денеска со два пенали ѝ донесе важен триумф на АЕК Ларнака со 3-1 против АЕЛ Лимасол за шести сезонски триумф во 17-то коло.

Со победата АЕК привремесно се искачи на петтото место на табелата со 25 бода, но далеку е од врвот и лидерот Анортозис кој со два меча помалку има веќе 11 бодови предност. Тричковски погоди по еднаш во вете полувремиња, прво во 15-та минута, а потоа во 55-та и играше до 67-та минута кога беше заменет со Акоран.

Македонскиот репрезентативец сезонава игра во неверојатна форма и е убедливо најдобар стрелец на Кипар. На последниот меч постигна четири гола, а сега погоди двапати и има уште пет гола од летните европски квалификаа, од кои четворка во Софија против Левски. Статистички популарниот Тричко во моментов има просек повеќе од еден гол по меч.