Тренерот на Ц. Звезда ги шокира сите: Не ѝ се плашам на Барселона!

Екипата на Црвена звезда доминира во Суперлигата, но во Лигата на шампионите не успева да се носи со противниците – што создава одреден страв кај навивачите пред гостувањето на Барселона во среда на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград.

Тренерот на „црвено-белите“, Владан Милојевиќ, по натпреварот со Војводина (3-0) изненадувачки објасни дека тој не чувствува страв. Каталонците играат најдобар фудбал во светот во моментов, победуваат убедливо, но Милојевиќ вели дека ако се плашиш од противникот од самиот почеток – немаш што да бараш на теренот.

„Зошто би се плашел? Ако се плашам, не би дошол тука, ќе останев дома. Никој не ме тера, можев да седам со сопругата и децата, да грицкам семки и да гледам ЛШ. За мене ова е предизвик, убава работа. Црвена звезда се има носено големи тимови, како што се Барселона, Штутгарт, Бенфика, Монако, ПСВ, Милан, Интер. Дали знаете колкав успех е тоа за српскиот фудбал?“, изјави Милојевиќ.

Тој помалку иронично им одговори на новинарите на прашањето дали смета дека е доволно стручен да излезе на крај со машината на Ханси Флик.

„Ќе се обидеме со стручниот штаб да направиме сѐ што е во наша моќ и онолку колку што знаеме, па ќе видиме. Ако вие нешто знаете, со задоволство ќе прифатиме, јавете се на телефон. Вие често знаете многу повеќе, можеби јас не знам дали треба да нападнеме или не. Секој совет е добредојден“, дополните предводникот на Ц. Звезда.