Тошиќ потврди: Да, бевме нападнати од хулигани со ножеви!

Српскиот фудбалер Душко Тошиќ утрово беше нападнат во Белград од страна на неколку хулигани за време на тренинг.

Напаѓачите дошле со ножеви и барале пари и накит од него и останатите фудбалери, а Тошиќ преку социјалните мрежи објасни што се случило.

„За да спречам шпекулации, точно е дека моите колеги фудбалери и јас сме нападнати утринава на тренинг. Нападнати бевме од група хулигани вооружена со ножеви. За среќа завршивме без поголеми последици, полицијата интервенираше и ги уапси напаѓачите“, напиша Тошиќ на Инстаграм.