
Тадиќ објасни зошто ја одби Црвена звезда!
По заминувањето од Фенербахче, Тадиќ беше слободен играч, а Црвена звезда направи голем напор да го ангажира, сепак неуспешно.
Во интервју за српските медиуми Тадиќ вели дека во овој момент не се гледа себеси и семејството во Белград.
„Долго седевме и убаво се изнамуабетивме. Звездан Терзиќ и Црвена звезда направија и повеќе од што треба за да дојдам кај нив и благодарен сум и на тоа. Беше тешко да одлучам. Не се гледав себеси и семејството во Србија во овој момент, иако ме дрма носталгија и сакам дома и во својата земја“, вели Тадиќ.
Тој откри дека имал контакт и со Војводина, но во овој период смета дека не треба да живее во Србија.