Српски фудбалер бил нападнат со ножеви во Белград

Српскиот фудбалер Душко Тошиќ, заедно со кондицискиот тренер Андреја Милутиновиќ, бил нападнат со ножеви во Белград.

Српските медиуми објавија дека тие двајца тренирале на тврдината во Белград, кога ги пресретнала група момчиња, кои имале за цел да ги ограбат.

Разбојниците со ножеви се заканиле за да извлечат пари и накит од спортистите, кои на крајот останале неповредени.

Тие двајца успеале некако да ја смират ситуацијата и да објаснат дека дошле да трчаат, а подоцна целиот случај го пријавиле во полиција.