Шпанската полиција дошла до докази: Атентатот врз Ковачевиќ е дело на фудбалската мафија!

Српската легенда и поранешен фудбалер на Црвена Звезда, Реал сосиедад, Олимпијакос, Дарко Ковачевиќ пред неколку месеци преживеа обид за атентат во Атина и оттогаш полицијата во Грција, но и во Шпанија сериозно работи на случајот зашто се повеќе се потврдуваат сомнежите дека зад сето тоа стои – голема фудбалска мафија.

Кои се мотивите за да се убие Ковачевиќ засега не знаат, ама шпанската полиција дошла до докази дека станува збор за големо злосторничко здружение во кое членови се преку 50 лица, меѓу нив и менаџери, фудбалери, официјални лица, а основата на сето тоа е на Кипар, кој патем тргна во жестока пресметка со мафијата и фудбалските местенки. За сите било заедничко дека оваа мафијашка структура, која има за цел малверзации со резултати, местат мечеви во Шпанија и на Кипар, а корупцијата доаѓа до самиот политички врв на Кипар.

Оваа групација сега се поврзува со обидот за убиство на Ковачевиќ, кој избегнал атентат пред својата куќа во Атина, кога на излегување маскиран човек со пиштол тргнал по него. Експресната рекација и скок зад автомобил биле пресудни за да избегне два куршуми, по што напаѓачот побегнал.

Првично грчките медиуми шпекулираа дека во криминалните кругови во земјата има информации за вмешаност на бившиот соиграч на Ковачевиќ и екс-играч на Реал Мадрид, Раул Браво кој беше уапсен во афера со местенки на Пиринеите, па потоа ослободен од бовиненија и пуштен на слобода. Тие информации беа демантирани, а сега шпанските медиуми посочуваат дека друг фудбалер, Хорхе Ларена, екс-играч на Атлетико Мадрид, кој играл и на Кипар во АЕК Ларнака бил вклучен во мрежата со местенки.

Наводно, Ковачевиќ дознал за низа местенки низ Европа, посебно во Шпанија и на Кипар, па затоа можеби бил дел од обидот за убиство. Сепак, сето тоа засега не е докажано, ниту полициите во Шпанија и Грција објавуваат дека таков мотив е извесен.