Савичевиќ: Терзиќ фрли атомска бомба врз фудбалот во Црна Гора

Скандалот што се случи во црногорската репрезентација пред дуелот со Косово во евроквалификациите предизвика многу реакции низ медиумите. 

Тогашниот селектор на Црна Гора, Љубиша Тумбаковиќ одби да ја води репрезентацијата на дуелот со Косово, а истото го направија уште двајца фудбалери, кои се дел од Црвена Звезда.

Претседателот на Црногорскиот фудбалски сојуз, Дејан Савичевиќ за целиот скандал го обвини директорот на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ.

„Терзиќ фрли атомска бомба врз црногорскиот фудбал. Ние ќе ги преживееме преку овие бомби, но тој е главниот актер во целата приказна. Треба да се живее и по ова, треба да се доаѓа во Црна Гора, а не знам како тој ќе се појави пред луѓето тука кои му имаат помогнато. Докажа дека дека многу работи кои се зборуваа за него се точни, дека е никаков човек. Тој беше еден од главните кои вршеа притисок врз фудбалерите на Звезда, секако и тоа преку навивачите. Дали му беше страв од навивачите, дали од тајните служби, полицијата... Се знае дека навивачите се продолжена рака на власта. Тој ден кога играме ние со Косово, нивната женска ракометна репрезентација исто така играше против Косово и немаше никакви проблеми“, изјави Савичевиќ.