Само Влаховиќ купувал часовници од златарницата каде што сите се обложувале

Во Италија во овој период актуелен е скандалот со обложување на фудбалерите кој се прошири по проверката на телефоните и исказите пред судот на Сандро Тонали и Николо Фаџоли кои веќе си ги одработија своите суспензии.

Италијанските медиуми вчера објавија имиња на уште десет фудбалери кои се поврзуваат со нелегално обложување.

Сега во целата приказна се вмеша и името на Душан Влаховиќ, меѓутоа српскиот фудбалер е единствениот помеѓу неговите против кој не е отворена истрага.

Имено, името на Влаховиќ се нашло во документацијата на спорната златарница „Елисиум“ преку која фудбалерите и го вршеле обложувањата.Од  оваа златарница Влаховиќ купил четири часовници на кои потрошил 100.000 евра.

Фудбалерите против кои е отворено обвинение се: Алесандро Флоренци, Матија Перин, Вестон Мекени, Николо Заниоло, Леандро Паредес, Анхел Ди Марија, Раул Беланова, Самуеле Ричи, Матео Канселери, Кристијан Буанито и Жуниор Фирпо.