Ристовски се качи на трибини и славеше со „Бед Блу Бојс“ (ВИДЕО)

Динамо Загреб славеше во вечното хрватско дерби против Хајдук Сплит со 1-0, а победата ја обезбеди Бруно Петковиќ со гол во првото полувреме.

Еден од најсреќните фудбалери по победата беше македонскиот интернационалец Стефан Ристовски кој се качи на трибината и славеше со „Бед Блу Бојс“.

Динамо во моментов е на втората позиција во хрватскиот шампионат со 57 бодови, односно пет помалку од Риека.