Ристовски ги воодушеви „Бед Блу Бојс“ по инцидентот на „Пољуд“

Хајдук Сплит беше поразен од Динамо Загреб со 0-1 во полуфиналето на хрватскиот Куп, по што домашните навивачи предизвикаа инцидент на стадионот.

„Торцида“ тргна кон делот каде што беа сместени навивачите на Динамо, но притоа реагираше полицијата за да спречи посериозен инцидент.

Додека полицијата се обидуваше да ја смири ситуацијата, „Бед Блу Бојс“ мораа да чекаат за да можат безбедно да го напуштат стадионот.

Хрватски „Индекс“ пишува дека македонскиот фудбалер Стефан Ристовски ги воодушевил навивачите на Динамо, откако решил да им однесе шишиња со вода за да може да се освежат додека чекаат да помине хаосот.