Риека му продава играч на Мурињо, трет најголем трансфер во нивната историја!

25-годишниот офанзивец, Нико Јанковиќ од Риека се сели во Фенербахче, трансферот наскоро ќе биде комплетиран.

Тој беше еден од најважните играчи на Риека за титулата од минатата сезона. Но, хрватскиот клуб ја прифати понудата од 5,6 милиони евра од Фенербахче.

Турскиот клуб во моментов ги договора личните услови со фудбалерот и доколку се биде во ред трансферот наскоро ќе биде реализиран.

Јанковиќ ќе биде третата најскапа продажба во историјата на Риека, пред него е Филип Брадариќ во Каљари за 5,9 милиони евра и убедливо најскап е Андреј Крамариќ во Лестер за 9 милиони евра.