Риека ќе го продаде репрезентативецот Ристовски и очекува добра заработка!

Поранешниот хрватски првак Риека ќе го продава младинскиот македонски репрезентативец Милан Ристовски во следниот преоден рок, а наводно според „Спортске Новости“, за напаѓачот има сериозен интерес и на „Руевица“ очекуваат добар приход од својот млад играч.

Ристовски е брат на заменик капитенот на македонската репрезентација Стефан, поранешен фудбалер на Риека од шампионската генерација 2017, а актуелен фудбалер на португалски Спортинг Лисабон. Помладиот Ристовски сезонава игра на заем во словачка Нитра и благодарение на него, клубот останува во трка за опстанокот, а младинскиот центарфор е меѓу тројцата најдобри стрелци во Словачка. Но, Риека после одличните настапи, секако ќе го врати во своите редови и ќе чека на добра понуда за да заработи.

Од поодамна е најавено дека Риека во претстојниот преоден рок, кој секако е пролонгиран (нема да стартува на 1 јули поради пандемијата), планира да продаде неколку свои млади фудбалери за да ја наполни касата, зашто клубот како и сите останати се соочува со сериозни финансиски проблеми кои веќе ги предизвика Ковид-19 не само на Балканот, туку и во Европа.