Познато кога и каде ќе се игра „забранетиот“ меч Ц.Звезда - Трепча

На фудбалскиот клуб Црвена Звезда денеска не му беше дозволен влез во Косово каде требаше да одигра Куп натпревар против тимот на Трепча. 

Делегацијата на белградските „црвено-бели“ беше запрена на границата со Косово и вратена назад. Српските медиуми јавуваат дека натпреварот што требаше да се игра денеска е презакажан за утре со почеток од 14 часот на стадионот во „Куќата на фудбалот“ во Стара Пазова.

Денеска автобусот на Црвена Звезда беше поздравен и од голема група на навивачи „делии“, кои пристигнаа пред границата со Косово.