Партизан обвинува: Судијата на полувреме доби налог што не се одбива!

Големото српско дерби помеѓу Партизан и Црвена Звезда заврши со резултат 1-1, а домашните се исклучително незадоволни од арбитражата на главниот судија Новак Симовиќ. 

Генералниот директор на „црно-белите“, Милош Вазура „распука“ по главниот судија и обвини дека му било наредено да и помогне на Црвена Звезда. Тој иронично му честиташе на делителот на (не)правдата на натпреварот.

„Исклучително сум незадоволен поради начинот на кој ни беше одземена победата против Црвена Звезда“, изјави Вазура за српски „Телеграф“. „Пред пеналот за Звезда имаше непостоечки корнер, па така и ја измисли ситуацијата да покаже на белата точка. Така до 70-тата минута превиде црвени картони за Саного и Катаи, што исто така беше очигледно. Јасно е дека судијата Симовиќ го одработи својот дел од работата, на полувремето доби телефонски повик што не се одбива. Му честитам и на него и на тој што ги дели наредбите за добро одработената работа“, додаде директорот на Партизан. 

Извештајот од 163-тото вечно дерби на Србија можете да го погледнето ТУКА