„Вечното дерби“ без победник: Ц. Звезда од пенал до бод во пресметката со Партизан (ВИДЕО)

Белградското 163-то вечно дерби помеѓу Партизан и Црвена Звезда вечерва заврши без победник, со по еден гол во двете мрежи (1-1), но повторно ќе се појави жестока дебата откако актуелниот српски првак Ц. Звезда со пенал стигна до бод од пресметката со најлутиот ривал во Суперлигата за да си го задржи лидерското место на табелата.

Александар Катаи го реализираше пеналот на 15 минути пред крајот на мечот, а во финишот Ц. Звезда остана со фудбалер помалку по исклучувањето на Саного, но немаше премногу време за Партизан да искористи било што од бројчаната надмоќ за да успее да се понадева на победа во последен час.

Филип Стевановиќ во шестата минута постигна гол за водство на црно-белите, но еден момент на 15 минути пред крајот по корнер, Милош Јоиќ направи пенал за Ц. Звезда да добие шанса да го реализира и на крај тоа го искористи за реми.

Ц. Звезда по дербито останува лидер зашто ова и е прв меч на кој не победува после серијата од десет триумфи во низа, па со 31 бод и осум повеќе од Партизан ја продолжува трката за нова шампионска титула.