Откриена платата на Модриќ со новиот договор: Ќе заработува двојно помалку
Во новата сезона Модриќ ќе има улога на резервист, па поради тоа има и значителна промена во неговата плата.
Според веб страницата „Capalogy“ која се занимава со заработката на спортистите платата на Модриќ е намалена за дури 52%. Во претходните пет години Модриќ заработуваше 21.8 милион евра, а во сезоната која следи ќе игра за 10.4 милиони долари.
Можеше Модриќ и повеќе да заработи со понудите од Саудиска Арабија, но очигледно неговата желба да остане во Мадрид била поголема.