Новинарите во Сараево штрајкуваа поради - фудбалските хулигани!
Ова откако десетина фудбалски хулигани, претставници на навивачката група „Хорде Зла“ упаднаа во редакцијата на „радиосарајево.ба“ и го принудија главниот уредник да повлече вест дека еден нивен припадник бил уапсен во Белорусија поради поседување на кокаин.
Полицијата уапси два лица за инцидентот, кој се случи во петокот на 27 септември, а ФК Сарајево го осуди инцидентот. Член на тој фудбалски клуб е и македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски.