Несторовски е во тимот на колото во Хрватска! (ФОТО)

Поранешниот македонски репрезентативец, Илија Несторовски, се најде во најдобриот тим на колото во хрватската лига по неговото одлично издание за Славен Белупо.

Несторовски постигна два гола во победата на Славен Белупо над Вуковар од 4-1. Тој одигра 90 минути и беше најдобар играч во својот тим.

Таквата негова партија го смести и во тимот на 14. коло во најдобрата хрватска лига.