Навивачите на Вест хем дивееја низ Загреб, еден Хрват е тешко повреден!
Синоќа околу 21.25 часот во една улица низ Загреб англиските навивачи нападнале двајца Хрвати, при што еден е тешко повреден.
„Полициските службеници реагираа навремето и задржаа четири државјани на Велика Британија на 23, 20, 25 и 23 години, кои се наоѓаа во групата која физички нападна двајца Хрвати на возраст од 26 и 21 година“, соопштија од полицијата.