Кумановци си го „запалија“ плоштадот во чест на - Ц.Звезда (ФОТО+ВИДЕО)
Македонија првпат е посетена од „Звездиниот летен караван“, а како место каде што би се славеле титулите на овој српски гигант беше одбрано Куманово, каде што традиционално има многу навивачи на екипите од кај нашиот северен сосед.
„Големо беше воодушевувањето за време на тричасовниот спектакл, а голем број семејства заедно со своите деца чекаа ред да се фотографираат со нашите трофеи. Звезда е големо семејство, а тоа се виде и во Куманово, кое можеби е далеку од Белград, но кое покажа дека живее и дише за Ц. Звезда. За време на хепенингот беа купени односно обновени многу членски книшки и тоа вкупно 107, што е втор најдобар резултат на годинешниот караван. Кумановци со пиротехничко шоу покажаа дека црвено-белите фудбалери и челници треба многу почесто да ги посетуваат“, пишува во објавата на официјалниот сајт на Ц. Звезда за вчерашниот настан на македонска територија.
За фотографирање со пехарите се чекаше и до половина час, а во црвено-бели бои беа облечени жители на Куманово од најмала до најголема возраст. Знаме на Ц. Звезда доби и споменикот на легенданриот кумановец, Батко Ѓорѓија.