Полјаците изеле добар ќотек: Навивачи на Лех начекани и претепани на автопат во Србија!

Српските медиуми пишуваат за голем хаос кој се случил рано наутро околу 4:30 часот на автопат на излез од Србија кога биле нападнати навивачи на полскиот клуб Лех Познан кои се враќале од мечот со Црвена звезда.

Црвена звезда синоќа одигра 1-1 во Белград против Лех, но благодарение на победата во Полска се пласира во плејофот од Лигата на шампионите.

Мечот имал и трето полувреме кое се одвивало на сосема друго место, а во главна улога биле навивачите.

Според медиумите од Србија, поголема група која засега е неидентификувано, но се претпоставува дека се фанови на Црвена звезда, пресретнале возило во кое се наоѓале четворица полски навивачи кои имале околу 30 години.

Полјаците добиле повеќе удари по телото и главата кои им биле нанесени со палки. На лице место брзо пристигнала полиција и брза помош.