На тренингот на Хајдук денеска ново лице - Александар Трајковски! (ФОТО)
„Белите“ од Сплит се подготвуваат за мечот против Локомотива, в сабота, во претстојното 9. коло од најквалитетната хрватска лига, во кое ќе влезат од првата позиција на табелата. Трајковски беше дочекан како важно засилување, а во Сплит се нетрпеливи да го видат на дело на „Пољуд“.
Трајковски пристигна како слободен играч, откако му заврши договорот со Ал-Фајха, во Саудиска Арабија, ова лето. Неговите настапи за Хајдук може да бидат добредојдени и на македонската репрезентација, во која го загуби првотимскиот статус на септемврискиот собир.