Младинскиот репрезентативец Јани Атанасов си замина од Бурсаспор (ФОТО)

Младинскиот македонски репрезентативец Јани Атанасов, еден од најталентираните фудбалери од генерацијата 1999 предводена од Елид Елмас си заминува од турска Бурса, откако предмалку со писмо до навивачите на социјалните мрежи им кажа збогум.

Атанасов е дете на Академија Пандев, кој пред две години замина во Турција за 100.000 евра и сега е слободен играч, откако си заминува и во објаќањето кон навивачите посочува дека не добил шанса, ниту одговор што треба да поправи за да се наметне за првиот тим.

„Пред да дојдам во Бурса играв пред најмногу петстотини гледачи во Македонија, а кога дојдов се импресионирав од атмосферата кога првпат стапнав на 'Крокодил Арена“. Дојдов и го избрав овој клуб по препорака на менаџерите кои се грижат за мојата кариера, но за жал си заминувам, после советите од менаџерите.

Немаше позитивен пристап од тренерот уште од првиот ден. Постојано бев надвор од А-тимот, а кога ќе прашав што треба да направам за да се поправам, не довивав одговор. И за време на мојот претстој имаше проблеми, како спортски, така и економски. Јас ја засакав Бурса, градот, навивачите, клубот од првиот ден кога дојдов. Играв од љубов, се борев, но дојде време за разделба. За мене ќе бидете најдобрите навивачи.

Сакам да им се заблагодарам на сите соиграчи со кои досега играв, тие ми се како браќа, ги сакам сите и им посакувам многу успеси во животот. Убеден сум дека Бурса ќе ја вратите каде што заслужува.

Си одам од Бурса со крената глава“, објави Атанасов.

View this post on Instagram

Hoşçakalın Bursaspor Ailesi 👋🏼

A post shared by Jani Atanasov (@janiatanas8v) on