Мирчевски го напушти ТСЦ и се сели во Железничар

Повремениот македонски репрезентативец Мартин Мирчевски деновиве треба официјално да се пресели во Железничар, тврдат медиумите во БиХ.

Својот последен ангажман, 27-годишниот фудбалер го имаше во српскиот прволигаш ТСЦ Бачка Топола, а претходно играше за Академија Пандев, Вардард, Беласица, Трепча, Победа и Пелистер каде ја почна кариерата. Во ТСЦ играше од 2022 година и на 44 натпревари постигна 13 гола.

Железничар лошо ја почна новата сезона и во првото коло доживеа пораз на домашен терен со 0-1. Член на сараевскиот клуб е уште еден македонски фудбалер - Матеј Цветановски.