Избега од Црвена Звезда, па откри: Не ми плаќаа, ме нарекуваа мајмун...

Поранешниот бек на Црвена Звезда, Жандер Рибеиро Сантана со лошата реакција во мечот од последното коло во групната фаза на Лигата на шампиони разочара многу навивачи на српскиот тим, а за кипарските медиуми раскажа за реакциите по неговата грешка против Олимпијакос.

Бразилецот кажа дека Ц. Звезда не се однесувала доволно професионално кон него, а разочаран е и од навивачите на клубот.

„Сакам да се заблагодарам за шансата која ја добив. Имав многу добра соработка. Сепак имав и несреќа да направам пенал против Олимпијакос и тоа е најтешкиот момент во мојата кариера. Меѓутоа, клубот не беше фер кон мене откако се случи тоа. Тие не се однесуваа професионално кон мене, не ми дадоа плата дури шест месеци. Најмногу ме растажија навивачите и нивните пораки. Тие безмилосно ме навредуваа мене, моето семејство, ми викаа дека сум мајмун... исто така, ме обвинија дека сум го продал натпреварот. Тоа е смешно...“, кажа Бразилецот.