Хрватска ќе гради „коцкест“ национален стадион со пари од – дијаспората? (ФОТО)
Како што објавија „Спортске Новости“, идејниот план и проект за изградба на национален стадион, за кој дополнително ќе се бара локација е веќе направен, но коронакризата ја спречи реализацијата, а првата фаза е со планот и идејното решение да се бара финансиска помош од големата хрватска дијаспора низ светот. Хрватска има огромна дијаспора, особено во Австралија и во Западна Европа, па во хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) веќе направиле стратегија со која ќе го презентираат целиот проект и ќе се обидат да ја убедат дијаспората за да ја финансира изградбата на националниот стадион.
„Веќе долго време разговараме за во изградбата на стадионот да ја вклучиме дијаспората. Идејата падна на состанок во ХНС, еден мал круг на луѓе од Извршниот одбор разговараа за тоа, а веќе имаме и цел проект, видео како би изгледал стадионот... Имаме поддршка од Владата, во план беше да одиме во САД, Јужна Америка, Австралија... Но, корона-кризата го прекина тоа и сега ќе чекаме нејзин крај за да тргнеме со реализација“, вели Дамир Мишковиќ, газдата на Риека и член на ИО на ХНС.
Во план низ светот за да бараат финансиска поддршка било да одат Давор Шукер, како претседател на сојузот, селекторот Златко Далиќ, Мишковиќ, како и членот на ИО, Марјан Кустиќ. Стадионот секако би требало да се изгради во Загреб, но на која локација тоа допрва ќе се решава, а капацитетот би бил како скопската Арена меѓу 30 и 25 илјади гледачи.