Хаос во српската репрезентација пред Лигата на Нации: Пикси се заканувал со заминување?!

Во Фудбалскиот сојзу на Србија дојде до промени по завршувањето на Европското првенство и пред почетокот на Лигата на Нации, сменети беа генералниот секретар Јован Шубратовиќ и директорот на спортскиот сектор Мирослав Танјга, но тие промени не дошле по мирен пат.

Српските медиуми пренесуваат дека заминувањата на Танјга и Шубратовиќ биле иницирани од селекторот Стојковиќ. На вчерашната седница на ФСС, Пикси побарал на дневен ред да се разговара за мена на Шубратовиќ и Танјга, па дури и се заканил дека ќе си замине пред натпреварите од Лигата на Нации.

На седницата сепак не се разговарал за таа точка, но денеска се повикала нова телефонска седница на која точка била само смената на Шубратовиќ и Танјга.

Наводно, Пикси во конфликт со двајцата бил подолго време, а тој кулминирал по Европското првенство.