Евровизиско лудило: Српски фудбалер голот го прослави како – пејачката Констракта (ВИДЕО)

Настапот на српската пејачка Констракта на популарната „Евровизија“, каде што се пласира за утрешното финале во Торино, ја продолжи еуфоријата во северното соседство, пред се поради необичните движења на сцената, кои почнаа да ги имитираат дури и фудбалерите.

Тоа најдобро можеше да се види на денешната средба од српската елита помеѓу Раднички Ниш и ТСЦ Бачка Топола (2-0), на кој еден од головите беше прославен во стилот на Констракта.

Имитатор на движењата на српската „уметница“ беше Филип Касалица, кој беше стрелец на првиот погодок за нишкиот суперлигаш.