Екс-вардарец ги нападна судиите: Ќе ви е*ам мајката! (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Железничар и Сараево заврши без победник (0-0), а еден ден по мечот се појави видео на кое може да се забележи како суспендираниот директор на Сараево и бивш фудбалер на Вардар, Сенијад Ибричиќ ги пцуе судиите.

Ибричиќ вербално го нападна четвртиот судија Милош Гиговиќ, а исто така имаше и порака за главниот арбитар Ермин Сивац.

Поранешниот фудбалер неодамна беше суспендиран на седум месеци затоа што учествуваше во прекинот на средбата меѓу Сараево и Борац во четвртфиналето на Купот на БиХ.

Ибричиќ го носеше дресот на „црвено-црните“ во 2015 година, додека во пензија замина во 2022 година.