Директорите на Хајдук и Динамо се спречкаа во ложата, па ги изнесуваа со обезбедување! (ВИДЕО)

Драматичниот и возбудлив меч меѓу Хајдук и Динамо го следеа срамни сцени во свечената ложа.

При резултат 2-2, некаде по 95. Минута, Хајдук бараше и втор пенал, по една мешаница во шеснаесетникот. Скокнаа и во ложата челниците и на двата клуба, а дошло и до физички контакт.

„Томислав Светина (директорот на Динамо) провоцираше при 1-2, но по реализираниот пенал за 2-2, Марио Бранко (директорот на Хајдук) му рече што сега не зборуваш. На тоа се крена оној од финансии од Динамо (Матеј Шкегро, фин. директор) и го фати Бранко за градите. Кога тоа го видоа останатите скокнаа да ги разделуваат“, известуваат хрватските медиуми од извори присутни во ложата.

Малку поинаква е верзијата на Светина, кој дал изјава по мечот.

„Провокациа? Ако се смета за провокација тоа што го славевме водството на Динамо, тогаш навистина сме провоцирале. Славевме, а потоа Бранко ми се стави во лицето“, вели Светина.

Како и да било, по мешаницата дошле и лица од обезбедувањето, па ги изнеле претставниците на Динамо сѐ до клупскиот автобус.