Динамо продаде уште еден бисер – Рома плати 12 милиони евра!

Загрепски Динамо продаде уште еден бисер и повторно добро го наплати трансферот, затоа што италијанскиот калчолигаш Рома ќе издвои 12 милиони евра за младиот фудбалер за врска Анте Чориќ (20), кој од лето треба да се пресели на Апенините.

Италијански и хрватски меидуми веќе објавија дека договорот е постигнат, а за Чориќ, спортскиот диектор на Рома, Мончи веќе неколку месеци преговарал со неговото семејство и со „модрите“. Сега останува само фудбалерот да ги договори личните услови, но тој ќе остане до јуни во „Максимир“ и ќе им помогне на актуелните соиграчи да го вратат приматот во хрватскиот фудбал, за што се и на добар пат по одличната есенска полусезона.

Ова е нов доказ дека загрепчани и тоа како добро знаат да ги наплатат своите бисери, па не е ни чудо што за нешто повеќе од една деценија, колку што во клубот алфа и опмега е најконтроверзниот лик во Хрватска, Здравко Мамиќ од трансфери вкупно инкасираше преку 300 милиони евра.