
Динамо му нуди помош на Хајдук: Оштетен е нивниот дом, сакаме да помогнеме!
Динамо е подготвен да помогне во санација на стадионот „Пољуд“, откако претходно претседателот на Хајдук, Иван Билиќ кажа дека ќе бара помош од сите кои се расположени да помогнат.
„Жалиме поради штетата по силното невреме кое го погоди Сплит. Оштетен е стадионот, домот на Хајдук, потопен е тревникот. Динамо се нуди за било каква помош на големиот ривал“, соопштија од Динамо.
The damage inside Poljud 😱
— Croatian Football (@CroatiaFooty) July 8, 2025
📸 Dalmatinski Portal pic.twitter.com/4OnPyIPfDA