
Член на сребрената генерација на Хрватска ја заврши кариерата – ќе биде менаџер!
Врсаљко, кој во кариерата играше за загрепски Динамо, италијанските Џенова и Сасуоло, шпански Атлетико Мадрид, како и за Интер и Олимпијакос, лани поради бројните повреди реши да стави крај на кариерата откако во ноември лани ја прекина соработката со грчкиот великан.
Сега десниот бек кој беше неизоставен дел од сребрената генерација останува во фудбалот, ама во една поинаква улога, како менаџер кој ќе се грижи за кариерите на идните фудбалски ѕвезди пред сѐ во татковината.