Брилијантна кореографија на Торцида на дербито Хајдук - Динамо! (ВИДЕО)
Популарната „Торцида“ покажа брилијантна кореографија, која обично се гледа во Бундеслигата или во елитните првенства од западна Европа. Кореографијата се протегаше на две трибини, почнувајќи од северната, зад еден од головите и преку целата источна, во должина на теренот на „Пољуд“.
Низ целата кореографија беше испишано „сто илјада“, во знак на достигнати 100.000 членови на навивачката група на Хајдук. Се разбира, дербито со лутиот ривал Динамо беше идеалниот тајминг за влез во друштовот со шестцифрен број навивачи, но желбата на сплиќани оди и подалеку.
Тие имаат цел до крајот на 2023 година да дојдат до 112.000 навивачи, за симболично да одбележат 112 години од постоењето на клубот.