Белгија ја надигра Хрватска во пријателски меч на „Руевица“ (ВИДЕО)

Белгиската фудбалска репрезентација триумфира против Хрватска со 2-0 во пријателски натпревар одигран во рамки на подготовките за Светското првенство (СП).

Првиот гол на натпреварот го постигна Јури Тилеманс во 38. минута од натпреварот, по што Хрватска се закани неколку пати, а најблиску до гол беше Будимир кој ја погоди конструкцијата од голот во 61. минута.

Во самата завршница од натпреварот, односно во 96. минута Белгија го постави конечниот резултат, откако Ромелу Лукаку погоди за 2-0.

Фото: Facebook/Hrvatski nogometni savez