Атанасов нема иднина во Бурса – тренерот ептен разочаран од младиот репрезентативец?!

Младинскиот репрезентативец Јани Атанасов, кој е дел од суперталентираната генерација на макеоднски млади фудбалери предводена од бисерот Елиф Елмас по се изгледа нема голема иднина во турски Бурсаспор, откако медиуми од Бурса објавија дека тренерот на тимот ептен бил разочаран од досегашните игри во овие летни подготовки.

Атанасов беше стрелец на најубавиот репрезентативен гол во историјата, откако со ножички погоди против Англија предводена од суперталентот Џадон Санчо и пред една година направи трансфер од Академија Пандев во Бурса со годишна плата од 100.000 евра. Но, Атанасов во минатата сезона не доби премногу шанса, а по се изгледа и во оваа нема многу голема перспектива, ако се верува на информациите од турските медиуми.

Како што пишува медиум од Бурса, младиот тренер Јалчин Косукавак очекувал многу повеќе од младите фудбалери во неговиот тим, а посебно бил разочаран од Атанасов. Според информациите, Атанасов на последниот меч играч 45 минути и неговото присуство на теренот било ептен незабележително, а Косукавак очекувал дека тој ќе биде мотор на тимот.

Сега останува да се види каква е иднината на Атанасов, сооглед дека останувањето во втор план би било проблематично за неговиот развој и дали Бурса ќе се реши да го продава или да го даде на заем до крајот на летото.