Ашковски си замина од Ботошани, но остана во Романија (ФОТО)

Повремениот македонски репрезентативец Стефан Ашковски од денеска има нов клуб во Романија, откако си замина од Ботошани и потпиша двегодишен договор со Сепси.

Ашковски, кој се врати во националниот тим во мартовските квалификации за СП 2022 во Катар, сега во следните две сезони ќе игра во Сепси, со опција да ја продолжи соработката после истекот на овој договор.

Ашковски беше дел од младинскиот погон на Партизан, играше за Телеоптик, но не доби преголема шанса кај „црно-белите“, а потоа го носеше дресот и на Доњи Срем, турски Кајзери, бугарска Славија Софија, холандска Фортуна Ситард, полска Горник Лежна, како и на тетовска Шкендија.