Анкета во Хрватска: Седлоски со најмали шанси за тренер на Динамо! (ФОТО)

Динамо Загреб е во потрага по третиот тренер сезонава, откако Игор Јовичевиќ издржа само еден месец на клупата, откако го замени Ненад Бјелица.

Хрватските медиуми шпекулираат со имињата на неколку тренери меѓу кои е и она на нашиот Гоце Седлоски. Поранешниот тренер на Вардар, Рига и Широки Брег моментално е дел од Динамо, но како тренер на вториот тим.

Како потенцијални тренери на „модрите“ се споменуваат Зоран Мамиќ, Жељко Копиќ, Ромео Јозак и Горан Томиќ. Според анкетата на порталот „24Сата.хр“, Седлоски има најмалку шанси да биде нов тренер на Динамо Загреб.