Адис Јаховиќ надмина 80 гола во Турција (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ, кој од септември се врати во макеоднската репрезентација, стигна до бројка од 81 гол во турскиот фудбал откако пред пет години дојде од руска Крилја Совјетов во тогашниот второлигаш Гецтепе, сега негов актуелен клуб во турската Суперлига.

Откако Јаховиќ гојде во Гецтепе, брзо стана миленик на навивачите, па со 20 гола во првата своја сезона во турската Лига 1, го однесе клубот во елитата, а потоа почна да решета и во најсилното турско првенство, во кое двапати беше „бронзена копачка“ (2017/18 и 2019/20).

Вчера Јаховиќ за Гецтепе даде два гола за победата на неговиот тим со 2-1 против Газиантеп, прв триумф по пет меча за овој клуб, а макеоднскиот голгетер дојде до пет гола сезонава од кои три на последните два меча, најавувајќи дека веќе влегува во гол-форма.

Оваа бројка од 81 гол на Јаховиќ е во сите натпреварувања откако е дојден во Турција, од втората лига, турскиот Куп, европските квалификации и Суперлигата.