Македонија на „Театарот на соништата“ сонува за скалп на нов великан (ФОТОГАЛЕРИЈА)
ФУДБАЛ
После ремито на „Сент Мери“ во 2002 година со 2-2, па ремито без голови на култниот дом на Манчестер јунајтед во 2006, оваа македонска генерација сега има сон за да изненади и во своето портфолио на чуда после Германија и Италија, да го придодаде и актуелниот европски вицепрвак.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе мора да се издигнат и да го заборават болниот пораз во петокот од Украина, ако сакаат да се понадеваат на добар резултат, иако пред себе ќе имаат извонреден противник, кој има фантастичен тим и одличен старт во овој циклус со максимални девет бода од трите досегашни мечеви.