Три тепачки во девет секунди: Луд старт на хокеарскиот меч меѓу САД и Канада (ВИДЕО)

Помеѓу САД и Канада владее гоелмо ривалство, но и политички тензии, а тоа се докажа со инцидентите кои се случија во хокеарскиот натпревар помеѓу овие две земји.

Тензијата можеше да се забележи и пред почетокот на средбата кога Канаѓаните ја исвиркаа американската химна.

САД и Канада се сретнаа за првпат по Олимписките игри во 2022 година и инцидентите започнаа уште во првите секунди. Неколку секунди по стартот на дуелот Метју Ткачук од САД и Брендон Хејгел од Канада ги извадија ракавиците и започнаа физичка пресметка.

Набрзо потоа братот на Метју, Брејди започна тепачка со Канаѓанецот Сем Бенет, а потоа дојде и до конфликт помеѓу Американецот Џеј Ти Милер и Канаѓанецот Колтон Парајко.

На крајот кога е резултатот во прашање САД успеа да слави победа од 3-1 со што обезбеди пласман во финалето на турнирот „Четири нации“ каде што учествуваат уште Шведска и Финска.